Македонија 05. јули 2019. / 11:40

Груевски за автопатот Миладиновци-Штип: Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен

Груевски за автопатот Миладиновци-Штип: Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен

Поранешниот премиер Никола Груевски со статус на Фејсбук го искоментира пуштањето во употреба на автопатот Миладиновци-Штип.

Груевски објаснува дека се радува оти оваа „главна артерија“ за источна Македонија се заврши и тоа 85-90 проценти додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

– Овие лоповите од власта, нека се потрудат барем да го одржуваат како што треба. Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен. – вели Груевски во објавата.

Прочитајте го целиот статус на Груевски.