Македонија 06. јуни 2019. / 12:01

(ВИДЕО) Советникот на Заев: Од НАТО нема да видите ништо! Платите нема да растат!

(ВИДЕО) Советникот на Заев: Од НАТО нема да видите ништо! Платите нема да растат!

Ветувањата на премиерот Зоран Заев дека со членството во НАТО граѓаните економски ќе живеат подобро, ги негираше неговиот советник, професорот Ванчо Узунов, кој во емисија соопшти дека Македонија економски нема да добие ништо од воената алијанса.

Советникот на Заев потенцира дека секој треба сам за себе да се избори, а не да чека нешто да се случи за да има економска придобивка.

– Ништо НАТО нема да ни донесе, ние треба да си оствариме. Значи не може современ развој да биде чекање, некоја трик карта, некое членство и ние ќе се развиеме. – рече Узунов.

Оваа изјава на советникот на Заев се коси со ветувањата на премиерот дека со членството на НАТО економијата во Македонија ќе се развие.

 – Членството во НАТО за нас значи мир и стабилност и е најсилна гаранција за нашата безбедност. Веруваме дека тоа ќе донесе подобар живот за нашите граѓани, како на политички, така и на економски план. – рече Заев за време на средбата со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.


Узунов кажа дека платите нема сами по себе да се качат со членството во НАТО.

– Нема сами по себе да се качат платите. Ние треба да работиме. – изјави советнкот на Заев.

Во емисијата гостуавше и поранешниот министер за финансии Никола Поповски кој со доза на сарказам го коментираше ветувањето на Заев дека платите ќе пораснат на 500 евра.

– За платите чекаме Владата до 30.000 да ни ги донесе просечни. – рече поранешниот министер од владата на СДСМ.