Гласините дека „метлата“ ќе го зафати министерот за финансии Драган Тевдовски и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по барање од скопската организација на СДСМ се шепкулации, оцени денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Овие денови се пласираат многу шпекулации и манипулации, а оваа е една од нив. Ние не ги водиме така дискусиите ни на централно, а уште помалку на локално ниво. Тој тип на разговор и на меѓусебни односи не сме го имале ни кога ни било најтешко, а сега дефинитивно како дел од владејачка коалиција со огромна одговорност тоа не личи на нас. – рече Шекринска во одговор на новинарско прашање при денешната посета на касарната Илинден.
Таа нагласи дека секојпат досега пласираните шпекулации и манипулации се покажале како неточни.