Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не ја гледа потребата да присуствува на лидерската средба на која повика премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за петок во 14 часот, пренесе Независен.
Мицкоски потврди дека ако не се разговара за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале на пролет, нема потреба да се одржи лидерска средба.
– Господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се, за се и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес и потребно на Република Македонија – датум кога ќе имаме предвремени праламентарни избори. – рече Мицоски на прес-конференција попладнево во партиското седиште.
Средбата, според него, би била непотребен театар, бидејќи, како што наведе, „покрај оние стенд-ап настапи во Владата и покрај она себехрабрење што го кажува Заев дека секогаш е подготвен да излезе на избори, самиот тој е соочен со сопствениот страв од дебакл на такви избори“.
Потсети дека тој бил првиот кој го повикал премиерот да сорабтуваат за датум за избори. Таа понуда траеше со денови, кој беше одговорот од власта – ја отфрли подадената рака и одговори со прогон на сегашни и актуелни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, но и со поранешни, рече Мицкоски и запраша како да имаат средба со така дијаметрално спротивни ставови.
Посочи дека работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ интензивно работат околу законот за јавното обвинителство, но ставовите и натаму се многу спротиви. Една од црвените линии била Катица Јанева, но за тоа, како што наведе, сега не се ни дискутира.
Минатата недела имало првичен состанок на работните групи и се разгорало за пописот, а истовремено подолго време работните групи разговараат и за изборниот закон.
Моментално позициите, како што рече, се дијаметрално спротивни.