Економија 30. мај 2019. / 10:57

Мицкоски: Заев прави парада, а капиталните инвестиции се исклучително ниски

Мицкоски: Заев прави парада, а капиталните инвестиции се исклучително ниски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцира дека додека премиерот Зоран Заев ги менува партиските кадри, стандардот на граѓаните опаѓа.

Мицкоски истакна дека Заев прави кадровски промени во партијата со цел да ја одбегне сопствената одговорност за економските и политичките порази.

– Додека Премиерот Зоран Заев ја занимава јавноста со внатрепартиските комбинаторки, борбата за превласт и сеењето на магла во јавноста за некакви промени, во економијата продолжуваат да се нижат негативни резултати, неуспеси и да опаѓа стандардот на граѓаните.

Додека граѓаните се вистински незадоволни од неработа на државните функционери од СДСМ, премиерот Заев прави смени на партиските функции се со цел да одбегне сопствената одговорност за поразите во политиката и економијата, додека истите тие луѓе продолжуваат да ја водат државата. – соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски нагласи деа капиталните инвестиции за првите четири месеци се на исклучително ниско ниво.

– Ниту ваквата парада не може да го сокрие податтокот дека капиталните инвестиции за првите 4 месеци се исклучителни ниски и изнесуваат 9,83 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година.

Овие резултати се полоши дури за 10% од истиот период во 2018 година кога беа реализирани исто така ниски 10.96% од планираните пари за капитални расходи.

Буџетот наместо за капитални расходи се троши за тековни трошоци. Вистинско преживување по принципот купи ден помини. – потенцира Мицкоски.

Неинвестирањето во инфраструктурата и градежништвото е уште една забелешка за економските потфрлувања на оваа Валда, која ја истакна Мицкоски.

– Нема инвестиции во нови патишта, болници, училишта, нема инвестиции во градежништвото, истото замира додека стандардот е се полош.

Нема инвестиции во инфраструктурата. А таа е предуслов за одржлив економски развој, за подобрување на приватниот сектор, за побрзото движење на граѓаните, производите и услугите, за ослободување и стимулирање на приватните инвестиции, за раст на вработувањата и платите, за подобар квалитет на животот и вложувањето во иднината на државата.

Економскиот тим на владата е најнеуспешниот во нашата историја. Ниското ниво на капитални инвестиции што е го факт кој говори за неспособност и неработа на владата. И ова не се покрива со никаква метла, со никакви розеви очила, ниту пак голи ПР-алатки. И секој еден човек знае дека кај СДСМ ништо не се менува, ниту пак ќе биде подобро.

Македонија заслужува повеќе. Македонија заслужува правда и работа која ќе донесе стандарди и успеси за сите граѓани. – заклучи лидерот на опозицијата.