Македонија 27. јуни 2019. / 13:04

Заев и Филипче ќе финансираат промена на полот со државни пари

Заев и Филипче ќе финансираат промена на полот со државни пари

Владата на СДСМ предводена од премиерот Зоран Заев ќе финансира промена на полот со државин пари.

– На Универзитетската Клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград. Знам дека докторот веќе бил во контакт со едно лице кое е заинтересирано за оваа операција. – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.

Министерот Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега. А на Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија, пренеес ПлусИнфо.

А кога ќе се изврши првата операција за промена на полот на скопските клиники, зависи од обврските на д-р Ѓорѓевиќ и секако од подготвеноста на пациентот, кој треба да прима и хормонска терапија.

Проф.д-р Ѓорѓевиќ е еден до најдобрите специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија во регионот и веќе неколку години соработува со приватната болница Аџибадем Систина во Скопје, каде веќе има извршено операција за промена на полот кај трансродово лице.