Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, смета дека премиерот Зоран Заев, со глупавоста да поверува дека зборува на телефон со Петро Порошенко и Јенс Столтенберг, ги зачувал стратешките интереси на државата.
Наместо да ја признае неспособноста на Заев да забележи дека година дена, руските комичари си тераат мајтап со него, Костадинов нападот го насочи кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Костадинов смета дека Заев ги бранел државните и националните интереси, со тоа што на руските шегаџии им ја раскажа страгегијата за односите помеѓу Србија и Косово, со тоа што им ги даде телефонските броеви на Вес Мичел и Рашум Харадинај и со тоа што рече дека е нормално да се даде донација во кеш на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за да ја признае Македонската православна црква.
За портпаролот на СДСМ неосновано е тоа што Мицкоски побара оставка од Заев за скандалот со руските комичари, зошто, според него, власта била целосно посветена на евро-атлантските интеграции.
Слушнете како Костадинов напаѓа Мицкоски, за тоа што Заев подлегна на манипулациите на Русите: