ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение испратено до медиумите експремиерите Георгиевски и Бучковски ги оквалификува како „истурени играчи на Заев“, бидејќи нивниот став е ист со оној на актуелниот премиер.
Тврдењата ги поткрепуваат и со ставот на специјалниот преговарач со Бугарија, Владо Бучковски, кој рече дека вреди да се разговараат тезите на Љубчо Георгиевски.
-Заев, Бучковски и Георгиевски имаат за цел да го избришат македонскиот народ и да го престават како нова творба. Тие го обезличуваат нашиот идентитет, јазик и култура, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Заев, Бучковски и Георгиевски се причината поради која Бугарија се чувствува комотна да ја понижува Македонија, а тројцата молчат на сите провокации и мешања во внатрешните работи на Бугарија во Македонија.