Македонија 04. октомври 2019. / 17:03

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирливо е Заев и Зекири да се плашат од тимот на стратешки соработници на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирливо е Заев и Зекири да се плашат од тимот на стратешки соработници на Мицкоски

СДСМ е на прав пат да ја уништи државата. Деструкцијата на власта резултира со понижена држава, разурната економија, земјоделство на колена, колабирано здравство и разнишано образование, велат во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ знае граѓаните ја гледаат разликата меѓу криминалниот тим на Заев и ВМРО-ДПМНЕ и затоа се плаши.

Разбирливо е Зоран Заев и Мухамед Зекири да се плашат од тимот на стратешки соработници на Христијан Мицкоски, кога од нивна страна има докажани криминалци, мешетари, осуденици и сомнителни ликови. Неспоредливи се соработниците на Заев со тие на Мицкоски. Од една страна ја имаме Цветанка Ласкова, а од друга Игор Дурловски. Заев се гордее и добива економски совети од осудуваниот Љубе Бошковски, а Претседателот Мицкоски ќе биде советуван од Владимир Дуковски, долгогодишен професор. Странски советник на Зоран Заев е Александар Обрадовиќ, кој е познат естраден мешетар, за кого медиумите пишуваа дека бил приведуван во САД за време на кражба во шопинг центар, а од друга страна е професорот Хозе Караско. Од една страна Заев си ги има Сокол и Силвио, за кои постои сомнежи дека и двајцата имаат досие во полицијата, еден за насилство, а Силвио за пукање на припадник на специјалните единици, додека пак во тимот на Мицкоски е Гордана Силјановска, Александар Климовски и Лазар Јовевски.Јасна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и затоа Заев и Зекири се во паника. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која носи обнова на Македонија, а СДСМ е партија која ја води државата на криминален пат. Зоран Заев и СДСМ ја буткаат државата во провалија. Граѓаните ја гледаат деструкцијата на СДСМ и затоа сите анкети покажуваат голема предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Зекири знае дека заминуваат во опозиција и затоа е во паника. Доаѓа време за промена на СДСМ. Доаѓа време за обнова на Македонија, велат од ВМРО- ДПМНЕ.