Македонија 18. јуни 2019. / 10:21

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев во Тетово договори редефинирање на државата?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев во Тетово договори редефинирање на државата?

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека премиерот Зоран Заев и СДСМ ја носат државата во пропаст.

Тие бараат одговор од Заев, но и од СДСМ за средбата во Тетово и дали таму е договорено територијално редефинирање на државата.

– Дали Зоран Заев вети дека ќе направи целосно преуредување на уставниот поредок? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие сметаат дека Заев ја турна државата во калта на криминал, корупција, непотизам и незаконие.

– Република Македонија стагнира на секое поле. Наместо реформи Заев тера антидржавна агенда.

Државните претпријатија се користат за местење тендери, а приватниот сектор со исклучок на бизнисите на Заеви и Анѓушев пропаѓаат.

Се повеќе луѓе ја напуштаат Република Македонија. Наместо да ги врати иселените, власта го забрза процесот. – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие сметаат дека на Република Македонија и е потребна обнова. Потребна е нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и ќе донесе напредок за државата.