Македонија 26. декември 2018. / 10:54

(ВИДЕО) Мицкоски: Загадениот воздух е тивкиот убиец против кој Владата не се бори!

(ВИДЕО) Мицкоски: Загадениот воздух е тивкиот убиец против кој Владата не се бори!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук потсети што беше ветувано од страна на власта и што не е остварено.

Тој потсети на зборовите на премиерот Зоран Заев, кога во предизборната кампања ветуваше чист воздух, а сега нема ниту слобода, ниту е решено прашањето со аерозагадувањето.

Црнилата на власта мора да престанат, порача Мицкоски.

– ‘Нема слобода и живот без чист воздух’ велеше Заев. 

Денес, година ипол од неговото владеење ја нема слободата, но чистиот воздух уште помалку. Македонија е најзагадената земја во Европа, а Скопје во неславна конкуренција за најзагаден град во Светот. Црнилата на СДСМ постојат во политиката, економијата, образованието, земјоделието, но ги има и во здравството. Загадениот воздух е тивкиот убиец против кој Владата не се бори. Немаат суштински мерки, ја успорија гасификацијата која претходно беше започната, излажаа дека имаат план. Излажаа дека ќе донесат чист воздух. Лажат и си поигруваат со здравјето и животите на граѓаните.

Овие црнила мора да престанат.

Ова црно време мора да се победи, а со тоа да се победат сите лаги и измами на оваа власт – напиша на Фејсбук Мицкоски и објави видео за ветувањата и (не)остварувањата на власта.