Македонија 12. декември 2020. / 21:11

(ВИДЕО) Мицкоски: Заев е лажен патриот и подвоена личност од која не може да се очекува иднина

(ВИДЕО) Мицкоски: Заев е лажен патриот и подвоена личност од која не може да се очекува иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како премиерот Заев како што вели, се однесува како подвоена личност, глуми патриот и зборува за црвени линии додека ја продава Македонија.

Заев се однесува како подвоена личност.

Додека го продава идентитетот, се откажува од антифашистичката борба и преговара за придавката македонски, глуми лажен патриот и зборува за црвени линии.

Се колнеше во најмилото и подоцна се откажа од Македонија.

Кога ја рецитира стихотворбата за жицата, знаеме дека лаже, а Македонија бележи загуби. Погледнете како изгледа човек кој се однесува како подвоена личност, тоа е човек од кој не може да се очекува иднина.

Оставка на Заев, слобода на народот, напиша Мицкоски во својата објава.