Македонија 09. септември 2019. / 11:51

Утре ќе се одржи лидерска средба за Законот за обвинителство

Утре ќе се одржи лидерска средба за Законот за обвинителство

Утре во Собранието ќе се одржи лидерска средба на која ќе треба да се постигне конечниот договор за Законот за јавно обвинителство, дознава Канал 5.

Лидерската средба е закажана за во 20 часот, а своето присуство го потврдил и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На лидерската се очекува да се постигне финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство и со тоа да се реши судбината на Специјалното јавно обвинителство.

Во телевизиско интервју Мицкоски синоќа најави и дека ќе ја отвори темата за предвремени парламентарни избори.