Денес од пред Влада на протестот „Оставка на Заев, слобода на народот“ на граѓаните се обрати Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.
Таа рече дека во моментов на Македонија и се заканува смртоносен вирус, наречен Зоран Заев.
Силјановска посочи дека Македонците имаат свој јазик, идентитет и историја кои ниту еден договор не може да ги оспори.
-Не не сме ние без корен. Името Македонија ќе го најдете не само во Библијата, туку во многу, многу книги. Името ќе го најдете во многу, многу анализи, на многу карти, рече Силјаноска Давкова.
Таа додаде дека е срамота тоа што го говори владата и Заев. Ги покажа фотографиите каде што татко и добил ордени за храброст бидејќи бил еден од учесниците кои што го ослободиле градот Кичево. Македонците ја ослободиле Македонија од фашизмот, тука не помогнале Бугарите. Се срами што во 21 век се оспорува историја, јазик, идентитет.
Силјановска заклучи дека народот ќе ја одбрани Македонија од вирусот кој ја нападна државата. Македонскиот народ нема да дозволи веќе Зоран Заев да ја понижува и распродава државата.