Македонија 11. септември 2019. / 09:34

Ништо од договорот: Заев барал вработените во СЈО да се префрлат во новиот оддел

Ништо од договорот: Заев барал вработените во СЈО да се префрлат во новиот оддел

Лидерската средба не ги исполни очекувањата за договор за Законот за јавно обвинителство.

Христијан Мицкоски и Зоран Заев, по долга дискусија, не успеа да договорат кој ќе биде надлежен за високата корупција во државата.

Премиерот Заев инсистирал персоналот од СЈО да се префрли во новиот оддел на Јавното Обвинителство. За опозицијата овој став не бил прифатлив, поради непотизмот кој постои во СЈО. Уште предходно Мицкоски имаше изјавено дека СЈО е дувло за непотизам вработувајќи си ги ќерките, синовите и братучедите, па според тоа прашање е дали овие луѓе кои што се ставале во одбрана на криминалот со последниот случај „Рекет“ ќе може да се борат бескомпромисно со криминалот.

Инаку на лидерската средба, премиерот инсистирал обвинителката Вилма Рускоска да биде на чело новото СЈО.

Имајќи предвид дека мандатот на СЈО истекува на 15 септември, се очекува интензивирање на разговорите за иднината на овој орган.