Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде кратка изјава за време на паузата на лидерската средба.
Мицкоски ја потврди изјавата на премиерот Зоран Заев дека, партиите се согласни да има техничка влада, по пржинскиот модел, пред секои парламентарни избори.
„Се согласивме процедурата која што беше почната за формирање на Државната изборна комисија, преку измените во Изборниот законик, на начин на кој што ќе се смени бројот на пратеници кои што ќе гласаат за избор на членови на ДИК, односно наместо двотретинско мнозинство, да биде со мнозинството од вкупниот број на пратеници, ќе се стопира и ќе се повлече. Ќе се врати старата процедура“, изјави Мицкоски.
Тој исто така додаде дека дополнително ќе се разговара за прашањата околу референдумот.