Македонија 30. ноември 2019. / 17:28

Мицкоски од Кочани: Реалноста во Македонија предводена од Заев и СДСМ е толку тешка што луѓето едвај чекаат да заврши

Мицкоски од Кочани: Реалноста во Македонија предводена од Заев и СДСМ е толку тешка што луѓето едвај чекаат да заврши

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во акцијата „Разговори за Обнова на Македонија„ од Кочани истакна дека денешната реалност во Македонија е толку тешка што луѓето едвај чекаат да оваа денешна реалност предводена од Зоран Заев и СДСМ побрзо заврши.

Ќе имаат граѓаните на Македонија, македонскиот народ, но и останатите граѓани на Македонија на 12 април имаат можност гласно да зборуваат позади параванот кога ќе треба да заокружуваат. Јас сум убеден во историски најголемата понуда бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија “ ја формираше најголемата, историски најголемата коалиција во независна и суверена Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот. Јас сум убеден на 12-ти април дека таа коалиција ќе биде победничка, а победата на тој ден ќе биде историска бидејќи тогаш ќе започне третата вистинска револуција за Македонија која што ќе трае и во иднина – истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека тешко е денешното секојдневие, тешка е денешната реалност во Македонија. Ако ги иземеме Зоран Заев и неколкумина негови обожаватели како што се да речеме Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и малкумина околу нив кои што денеска уживаат во привилегиите на власта, во сето она кое што им е овозможено благодарение на макотрпната работа на нашите сограѓани, сето останато денеска тешко живее, буквално крај со крај врзуваат нашите сограѓани.

Па и оттука е нивната забеганост, одлепеност од реалноста е толку голема што потсетува на оние времиња од транизицијата кога нашите родители, нашите баби и дедовци практично остануваа без работа преку ноќ бидејќи овие тогашни новопечени црвени буржуи кои што ја предводена реформираната комунистичка партија и се претставуваа како СДСМ го зграбуваа сето она кое што народот макотрпно го печалел. Истото е и денеска, само денеска не се вика транзиција туку се нарекува „Рекет“. Популарно наречено „Рекет“, рекетирање на секој чекор, на секое ниво, без разлика дали е локална самоуправа каде што имаме градоначалници кои што се од редовите на СДСМ или пак зборуваме на централно ниво каде што имаме министри, заменици, директори, функционери кои што се предложени од СДСМ – посочи Мицкоски.

Мицкоски, како што вели, ќе се вратам неколку години наназад и ќе ве потсетам на сето она кое што во таа изборна 2016-тата година овие властодршци денеска пред да започнат со нивниот рекет, конвертирана транзиција само во поново време, овие три години го ветуваа пред нашите сограѓани додека шетаа по улиците, додека бојадисуваа, додека уништуваа, додека кодошеа нашата држава и кога се срамеа од сопствениот народ.

Се сеќавате тука во Кочани посебно ветуваа кај земјоделците, кај оризопроизводителите и велеа оризот и оризовата арпа сигурно ние ќе ги пласираме, ќе најдеме пласман за нив и ќе најдеме пласман по цена од 25 и 50 денари. Бев пред некој месец тука, септември беше, го отворавме штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, разговаравме со оризопроизводителите и буквално најголемиот дел од нив ми рекоа планираме до година и да не ги ожнееме нивите, да не ги посееме, затоа што не само не се исплати туку и потешко никогаш не било – потсети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште една голема невистина само за да може да се зграбат до привилегиите во Владата, само за да може да се амнестираат од злоделата кои што ги правеа во минатото, истакна Мицкоски.