Македонија 10. јуни 2019. / 20:24

Мицкоски: Им нудиме помош на Владата за да добиеме датум за преговори во октомври

Мицкоски: Им нудиме помош на Владата за да добиеме датум за преговори во октомври

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во „Топ Тема” на Телма телевизија кажа дека граѓаните не смеат да бидат казнети од ЕУ, затоа што владата на СДСМ е неспособна.

Мицкоски кажа дека на средбите со високи претставници на ЕУ побарале да ни се даде датум затоа што граѓните тоа го заслужуваат, но објективно ова лето нема шанси тоа да се случи.

Лидерот на опозицијата каже дека дури и ќе понудат соработка со власта, да се формираат работни групи за да се спроведат реформите, па барем во октомври да добиеме датум.

– Ќе побарам поддршка да се формираат работни екипи, па заедно со Владата, да им помогнеме да ги преминеме препреките и да добиеме датум за преговори во октомври. – кажа Мицкоски.

Логично е да има предвремени парламентарни избори, но Мицкоски кажа дека не се алчни за власт, туку приоритет им се интересите на граѓаните.

Доколку сепак има избори, по недобивањето на датум, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, бидејќи покажа дека е најголема партија на претседателските избори.