Поранешниот генерален секретар на СДСМ, а сега пратеник, Алексанадр Кирацовски, смета дека ВМРО-ДПМНЕ н треба да се надева на победа на следните парламентарни избори, само затоа што Алексис Ципрас ги изгуби во Грција.
Кирацовски смета дека Ципрас ги изгубил изборите затоа што го признал македонскиот идентитет, јазикот и културата. Тој смета дека е ВМРО-ДПМНЕ не може да се надева на победа, баш поради тоа што десницата, односно партијата на Кирјакос Мицотакис, убедливо победи во Грција.
Според логиката на Кирацовски ако Ципрас загуби на избори, тоа значи дека Заев ќе победи.
– Да ликуваш дека оној кој ни го признал македонскиот идентитет, јазикот, културата, токму затоа ги изгубил изборите во Р. Грција, во најмала рака, е политички некултурно.
А да се надеваш, пак, дека тој кој ги отворил европските перспективи на нашата Македонија, сочувувајќи го нашето највредно, есенцијата на националниот идентитет (поради што неговиот колега, нели, ги загубил парламентарните избори во својата земја) ќе ги загуби следните избори е целосно контрадикторно и политички неуко.
…Спротивставеноста на страните при решавањето на спорот, резултира со обратна пропорционалност при исходот… – пишува Кирацовски на Фејсбук.
Инаку Мицотакис, вчера, го победи Ципрас на парламентарните избори со огромна разлика.
Мнозинството Грци не го прифаќаат Договорот од Преспа, а тој договор не го прифаќаат ниту Македонците и како резултат на тоа референдумот за промена на името беше неуспешен.