Македонија 25. јуни 2019. / 13:04

Екс-пратеникот од СДСМ ја нападна власта: Реформи нема – Мицкоски има поголем рејтинг од Заев

Екс-пратеникот од СДСМ ја нападна власта: Реформи нема – Мицкоски има поголем рејтинг од Заев

Поранешниот пратеник од СДСМ, новинарот Сафет Бишевац призна дека анкетите говорат оти ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски во овој момент има поголем рејтинг од СДСМ и Зоран Заев.

Тој вели дека ако продолжи таа тенденција, исходот на следните избори е повеќе од јасен.

– Две работи му се случија денеска на Заев. Прво, оcтавката на Петар Атанасов, прв сepиозен удap на политиките на Заев каде има ceриозни обвинyвaњa за начинот на функционирање на оваа власт. И второ, изјавата на францускиот амбасадот Тимоние: „Чекајте бе луѓе што сте запнале со датумот“, и немањето на реакција на неговата изјава од страна на власта. – рече Бишевац во Само вистина.

Тој порача дека власта нема ниту една ceриозна реформа во клучните области и ресори.

Бишевац објасни дека сега Заев ќе плива во водите на популизмот, со приказни за зголемување на плати, со влезот во НАТО и добивање на датум за преговори. Тоа значи дека на почетокот на годината ќе имаме пржинска влада и на пролет би требало да имаме избори.