Македонија 11. март 2020. / 11:04

Димитров: Не сега, имам работа!

Димитров: Не сега, имам работа!

Министри за надворешни работи од Европа, од Западниот Балкан и членови на Европската комисија присуствуваа на клучна дипломатска средба во Скопје. Тие бараа  пат за евроинтеграциите на државите од регионот, пишуваат БТВ Новините во извештај од вчерашниот панел, што се одржа во Скопје.

Средбата е прва во рамките на заедничкото претседателство на Бугарија и Северна Македонија со Берлинскиот процес во текот на годинава.

Интересно е што се наоѓаат суштински сличности меѓу кампањата на Зоран Заев денеска и Никола Груевски порано.

Минатата недела главниот уредник на агенцијата „Инфомакс“, Александар Митовски, беше осуден на шест месеци затвор или 2 години условно за објавување на јавна информација за најголемиот институционален скандал во државата досега-уценување на локални бизнисмени од специјалната обвинителка Катица Јанева.

Според зборовите на Митовски, Заев веројатно предупредил дека против нив почнува истрага и треба да престанат со активностите, зашто ќе бидат фатени.

-Иначе, дел од парите се потрошени кај вас-во Бугарија, во Банско. Дел од парите се таму примени, дополни новинарот.

Јанева е во притвор, а наместо во затвор, осудениот бивш премиер Никола Груевски може да се сретне во егзотично друштво на некои од најблескавите забави во унгарската престолнина Будимпешта.

-Не сега, имам работа, вака министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, одговори на обидот на БТВ да му постави прашање за владеењето на правото.

Меѓутоа, од говорницата на меѓународната средба изјави дека само неговата партија може да го продолжи европскиот пат на државата.

Лидерот на опозициската партија изјави дека ако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите на 12 април, ќе ги преразгледа договорите со Бугарија и Грција.

-Имаше такви изјави. Се надевам дека тоа е дел од предизборната кампања, тоа можам да кажам, коментира министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.