Свет 13. мај 2020. / 11:59

Во напад врз болница во Кабул загинале 12 возрасни и две бебиња

Во напад врз болница во Кабул загинале 12 возрасни и две бебиња

Во нападот врз болница во северен Кабул, каде што „Лекари без граници“ водат породилиште, биле убиени 12 мајки и медицински сестри и две бебиња.

Како што соопштија авганистанските власти, во нападот има и најмалку 15 други повредени лица, меѓу кои и неколку деца.

Нападот го извршиле неколку вооружени лица, а талибанците негираа дека стојат зад нападот, за којшто  се уште никој не ја презеде одговорноста.

Според официјалните лица, три лица во полициска униформа упаднале во болницата и почнале да пукаат и фрлаат бомби.

Десетици лица беа евакуирани од болницата од страна на безбедносните сили, вклучително и жени и деца – изјави портпаролот на министерот за внатрешни работи.

Нападнатиот болница, што има капацитет од 100 кревети, се наоѓа во еден од најсиромашните делови на Кабул.