Свет 11. јуни 2020. / 12:45

(ВИДЕО) Мажи шутирале полицаец во Лондон: Минувачите се смееле и позирале за селфи

(ВИДЕО) Мажи шутирале полицаец во Лондон: Минувачите се смееле и позирале за селфи

Видео од физички напад врз полицајци на Скотланд Јард се шири на социјалните мрежи.

Министерството за внатрешни работи и началниците на полицијата го осудија нападот врз полициските службеници на Скотланд Јард во јужен Лондон, откако група луѓе шутирале полицаец кој лежел на земја. Колешката се обидувала да му помогне, но и таа е турната на страна.

На видеото се гледа како непознат маж со бејзбол палка се приближува до веќе соборениот полицаец, додека неколкумина го опкружуваат. Едниот го гуши, додека другиот го шутира по главата. Снимката ги прикажува како викаат и пцујат, а маж снима и позира за селфи. Во еден момент се забележуваат повеќе минувачи, кои исто така само снимаат, но не се мешаат во ситуацијата.

Полицијата соопшти дека двајцата полицајци се здобиле со полесни повреди. Во краткото соопштение, тие велат дека биле повикани од лице кое тврдело дека е нападнато, а кога излегле на терен, виделе група мажи.

Двајца мажи на возраст меѓу 20 и 38 години се уапсени за напад врз полицијата и остануваат во притвор.

„Болно, шокантно и засрамувачки“, коментираше Прити Пател, министер за внатрешни работи.

Се огласи и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

„Остро го осудувам срамниот напад врз двајцата полицајци. Овие храбри офицери ја извршуваа својата должност да и помагаат на јавноста. Им благодариме. Им посакувам целосно и брзо закрепнување. Нападите врз нашата полиција нема да бидат толерирани. Ги повикувам сите со повеќе информации за сторителите на овој грозоморен чин што треба да се јават за да се обезбеди спроведување на законот “, рече Кан.