Кинеската државна новинска агенција Синхуа го осуди нападот на продемократските демонстранти на своите простории во Хонг Конг за време на протестот кој влегува во петиот месец, нарекувајќи го „варварски чин“.
Во краткото соопштение Синхуа го осуди „варварското делување на толпата“ која го разруши и запали влезот во деловната зграда за Азија и Пацифик во хонгконгшкиот кварт Ван Чаи.
Нападот на просториите на агенцијата е прв од кога пред речиси пет месеци започнаа антивладините протести и немири на оваа полуавтономна територија.
Нови протести се планирани во седум квартови, а демонстрантите бараат политичка реформа и вистинска автономија бидејќи владеачката Комунистичка партија вети дека ќе ја зајакне контролата во таа област, една од најслободните финансиски центри во светот.
Новинарското здружение на Хонг Конг исто така го осуди секој чин на саботажа против медиумите и повика на прекин на насилствата против новинарите и медиумските организации.