Свет 02. ноември 2018. / 13:49

Крвав напад во седиштето на “Sony” во Лондон, има повредени

Крвав напад во седиштето на “Sony” во Лондон, има повредени

Поради напад со мачета кој се случил во седиштето на компанијата “Sony” во Лондон, евакуирана е цела зграда.

Метрополитен полицијата соопштила дека при нападот се повредени две лица, но не е изјаснето дали тие се наоѓаат во животна опасност. Се додава и дека “нема докази за употреба на огнено оружје во овој инцидент”.

И “Скотланд Јард” потврдува дека две лица биле повредени, но и тие не навеле дали жртвите се витално загрозени или не, но очевидци снимиле како еден човек бил влечен на количка пред самата зграда.

Полициските единици и амбулантните возила ги преплавиле улиците, а еден корисник на Твитер напишал дека “напаѓачот е прикован за земја”, по што “Скотланд Јард” набрзо потврдил дека уапсиле еден човек.

“Дејли Мејл” наведува дека човекот кој бил “наоружан со мачетa” избол две лица и додава дека ужаснатите работници врискајќи истрчале од кантината на горниот спрат на седиштето на “Sony” во Кенсингтон, Западен Лондон.

Очевидците поставуваат фотографии и снимки од местото на злосторството на Твитер.