Тероростичката Исламска држава соопшти дека нападот на мостот во Лондон, во кој загинаа две лица, го извршил еден од нивните борци, пренесе агенцијата „Амак“, која е поврзана со терористичката организација.
Исламската држава, сепак, не достави докази за овие тврдења, забележува Ројтерс.
Претходно, британската полиција го идентификуваше вооружениот напаѓач, кој уби двајца и рани три лица на мостот во Лондон, како 28-годишниот Пакистанец Усман Кан, кој бил обвинет за тероризам во 2012 година и ослободен на условна казна минатата година.
Исламската држава соопшти дека нападот е одговор на нејзините повици да се напаѓаат целни земји кои се дел од коалицијата што се бори против оваа џихадистичка група.