Скопје 26. јули 2020. / 10:50

Заев: Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото

Заев: Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од денот на катастрофалниот земјотрес напиша дека 26 јули 1963 година е денот чија зора наместо будење, нов ден и нова надеж за Скопје и скопјани донесе траор, плач, неверување и 1.070 погинати сограѓани.

 

57 години после катастрофалниот земјотрес, споменот за настраданите живее, онолку силно колку и споменот за солидарноста со која светот му подаде рака на Скопје. Вечна им слава на жртвите на овој тажен ден – напиша Заев.

Kако што пишува лидерот на СДСМ, Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото.

Да бидеме горди на ова наше Скопје, нека ни биде водилка и потсетник да продолжиме да градиме заедништво и солидарност – пишува Заев.