Скопје 22. март 2020. / 10:54

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ со предлог мерки до Шилегов: Целосно затворање на сите паркови и игралишта

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ со предлог мерки до Шилегов: Целосно затворање на сите паркови и игралишта

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ апелира до градоначалникот Петре Шилегов да преземе поширок акциски план во рамките на неговите надлежности и градски овластувања за заштита на здравјето на Скопјани.

Оттаму велат наме наместо борба за сликање и ПР, потребна е вистинска борба за стопирање на корона пандемијата.

-Наместо сомнителни награди за деца на функционери на власта, потребно е суштинско делување, велат преку соопштение до медиумите од советничката група.

Советничката група нуди 10 предлози и тоа:

  1. Барање и носење на одлука за 24 часовно затворање на сите паркови и игралишта за кои е надлежен градот Скопје.
  2. Неколкукратно зголемување на капацитетот на јавниот превоз со одлука за редуцирање на патниците во него и одржување на безбедно растојание.
  3. Набавка и делење на бесплатни маски и ракавици за корисниците на градскиот јавен превоз.
  4. Секојдневно чистење и дезинфицирање на фонтаните и парковите, на справите на Кеј и чистење на Кејот, туристичките места, автобусите и постројките.
  5. Чистење и дезинфекција на катните гаражи и ограничување на работата на дел од нив согласно полицискиот час, за да се стимулираат луѓето да останат дома.
  6. Организирање на ликовен и литературен конкурс за младите „Остани дома, спаси живот!”
  7. Организирање на акции на комунална хигиена и отворање на број за пријава за подигање на смет.
  8. Во соработката со министерството за образование итно организирање на активна интернет платформа за онлајн учење на средните училишта.
  9. Ослободување на деловните објекти и компаниите погодени од корона вирусот од плаќање на данок на имот.
  10. Кратење на непродуктивните трошења на Градот Скопје и градоначалникот Шилегов.

Напоменуваат дека оваа вонредна состојба и’ овозможува на владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив и во случај на вонредна и кризна состојба.

-Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да биде пропорционална според природата и интензитетот на состојбата. Така што сега формално надлежностите од собрание, град Скопје и општините се дадени во рацете на Влада, која пак сега ги остави техничките надлежности и доби вонредна можност да носи одлуки со законска сила, велат од советничката група.