Советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ денеска пред објектот на Град Скопје каде се наоѓа канцеларијата на градоначалникот Петре Шилегов, остави лампиони, барајќи да се откаже новогодишното украсување на градот.
На лампионите имаше ставено сума од 200 илјади евра, пари за кои советничката вели наместо да се украсува можат да се купат 15 нови болнички возила.
-Ако му е до лампиони, еве му лампиони, и тоа необични и приближно верни на оригиналот на кој ја пишува и неговата омилена цифра 200 илјади евра, само и само да се откаже од лудото, неразумно трошење на народните пари, ова денеска преку прес-конференција го истакна советничката Жугиќ.
Освен пред канцеларијата на Шилегов, денеска тие ваква герла акција имале и низ Градскиот парк.