Регион 30. септември 2019. / 11:33

Борисов: Македонија ако сака во ЕУ да не си игра со историјата

Борисов: Македонија ако сака во ЕУ да не си игра со историјата

Бугарскиот премиер по консултативната средба кај претседателот Румен Раде истакна дека секогаш истакнувале дека Македонија може да смета на нив за ЕУ, но никогаш не кажале дека безусловно го поддржуваат нашиот прием.

– Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса. – рече Борисов.

На консултативната средба кај претседателот Румен Радев присуствуваа и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.

– Ние немаме поблизок народ. Исклучително е важно да бидат примени во ЕУ, но важно е и да разберат дека тоа зависи од нив. Затоа апелирам да запрат да си играат со историјата, со минатото и да се концентрираат кон иднината. – рече Борисов.

Софија, додаде бугарскиот премиер, сака заедно со Северна Македонија преговорите да ги почне и Албанија.

На средбата кај Радев присуствуваше и вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов. Тој, како и пред неколку дена кажа дека Бугарија не може безусловно да ја поддржува Северна Македонија и треба да постави многу јасни услови. И Каракачанов смета дека најдобра варијанта би била Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.