Никола Димиторв и Александар Николоски жестоко дебатираа во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.
Николоски повтори дека главна тема во кампањата за референдумот не е договорот и не е прекрстувањето на Македонија, туку е ВМРО-ПДМНЕ.
Што ќе им е ВМРО-ДПМНЕ ако договорот е добар, ама очигледно договорот е капитулантски и владата се обидува да не извалка и нас, потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него како што стојат работите референдумот нема да успее, освен ако не се направи фалсификат на гласовите.
Расположението кај народот е ‘ЗА’ Договорот, истакна министерот за надворешни работи.
Тој потсети дека референдумот како опција, беше предвиден и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така Димитров очекува огромна поддршка за Договорт.
На прашањето што ќе се случи по 30 септември, тие одговори:
Македонија ќе покаже и на себе и на светот, дека е горда, дека е достоинствена и дека не прифаќа капитулантски договор, рече Николоски.
Македонија ќе покаже дека се избори за идентитетот и како Македонци и македонски народ со сите наши сограѓани ќе си обезбедиме подобри софри, повеќе работа, ќе си ја доизградиме државноста, ќе си влеземе во НАТО и ќе си обезбедиме граници, а опозицијата ако вака продолжи ќе биде уште многу години опозиција, што не е добро ниту за Македонија, ниту за владата, рече Димитров.
Погледнете ја целата дебата: