Македонија 18. ноември 2020. / 21:12

Заев: Заедничката историја е реалност, од неа се родиле Бугарите и Македонците

Заев: Заедничката историја е реалност, од неа се родиле Бугарите и Македонците

Во интервју за Дојче Веле по бугарското вето во ЕУ, премиерот Заев тврди дека заедничката историја е реалност и постои.

-Во таа заедничка историја се изнедриле Бугарите и Македонците, бугарскиот и македонскиот јазик. И во едни такви околности, треба тоа да го зграпчиме и да градиме пријателство и братство. Тоа е љубовта која што носи иднина. Другата љубов не е вредна затоа што носи раздор и непријателство, вели Заев во интервјуто.

Додаде дека е чест домаќин на културни манифестации на Бугарите во земјава и дека како премиер го возобновил и го подигнал споменикот на полковник Константин Каварналиев во Дојран,бидејќи се борел за слободи и права во Првата светска војна.

-Затоа што тоа може да биде мост на пријателство. Јас сум разговарал лично со градоначалници на општини и институции да тргнат табли на кои што се зборува за „непријателски” народи и да ја променат таа табла. Јас сум тој којшто работи, заедно со целиот мој народ, на јакнење на пријателството и братството на двата народи, но не можете нешто ако е изгубено со децении, за две години да го постигнете, треба дополнително време, а тоа зависи од сите нас, потенцира премиерот.

Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.