Премиерот Зоран Заев, во моментот е гостин во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Во своето гостување во емисијата, на прашањето на новинарот Борјан Јовановски за тоа кои се проблемите кои се јавуваат помеѓу Македонија и Бугарија, премиерот Зоран Заев одговори дека еден од главните проблеми е долгото име „Република Северна Македонија“, кое според бугарската страна има територијална и малцинска претензија спрема соседна Бугарија.
Заев за ова прашање рече дека за нашата страна не би требало да претставува проблем, бидејќи Македонија нема никакви претензии према територијата на Бугарија, ниту пак би се мешала во внатрешните работи поврзани со малцинствата во земјата, согласно со нивниот устав. Тој додаде дека бара истото да се почитува од бугарската страна.
Проследете го гостувањето во живо: