Македонија 03. декември 2019. / 14:32

Заев си направи селфи во Лондон: Го остваруваме сонот – стануваме членка на НАТО

Заев си направи селфи во Лондон: Го остваруваме сонот – стануваме членка на НАТО

Премиерот Зоран Заев објави селфи од Лондон, каде учествува на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, по повод 70-годишнината од постоењето на Aлијансата.

Во описот под фотографијата Заев напиша дека Македонија е потврдена за следна 30-та членка на НАТО.

  • Го остваруваме сонот на нашите граѓани – стануваме членка на НАТО, напиша Заев.

Овде во Лондон, Северна Македонија е потврдена за следна 30. членка на НАТО, на 70. роденден на Алијансата. Безбедни, сигурни и стабилни, продолжуваме да ја јакнеме економијата за добробит на сите наши граѓани.