Премиерот Зоран Заев нема намера да поднесе оставка поради блокадата од Бугарија на преговарачката рамка за почетокот на преговорите со ЕУ.
Во интервју во Клик Плус на Тв21 Заев истакна дека народот стои зад европската агенда и дека сите институции добро му служат на народот.
-Секако дека не, го почитуваме она што народот го кажа дека е за ЕУ и после сите премрежија, вакви изневерувања, неправди, остануваме да го водиме народот за она што го кажа на изборите. Добро е што отидовме на избори, бидејќи изборите требаше да бидат сега, не знам како ќе беше. Нашиот народ даде поддршка на европската агенда и ние стоиме на располагање да му служиме на народот како што тој тоа од нас го очекува, рече Заев.
Тој претходно рече дека е добро што изборите биле одржани летото, затоа што истите ќе требало да се случат сега, а тоа не би било паметно со оглед на високите бројки на заразени со коронавирусот.