Македонија 18. октомври 2019. / 12:39

Заев се врати од Брисел и има консултации со министрите: Можна е оставка?

Заев се врати од Брисел и има консултации со министрите: Можна е оставка?

Премиерот Зоран Заев се врати од Брисел, и во моментот е во Владата, каде има политички консултации со министрите, пишува „СДК, повикувајќи се на извори од владата.

Тие велат дека ги следат случувањата во Брисел, дека се во контакт со некои странски државници и се разгледуваат и анализираат сите опции, вклучително и оставка на премиерот Зоран Заев и враќање на мандатот.

Според порталот, од утрово има консултации и во партиското седиште на СДСМ.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, денеска испратил покани до лидерите на политичките партии за средба во Вила Водно в недела.