Македонија 11. септември 2019. / 11:30

Заев: Разочаран сум од исходот, барањето на опозицијата против секоја логика

Заев: Разочаран сум од исходот, барањето на опозицијата против секоја логика

Груевизам до доцна во ноќта, барање против секоја логика, против ЕУ и НАТО, против вредностите и принципите.

Вака премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција го оцени исходот од синоќешната лидерска средба и единствениот услов, кој, како што рече, го поставил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Разочаран сум од исходот на лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме – рече Заев.

Тој додава дека правда и правна држава мора да има и ќе има.

Според него предметите од СЈО ќе продолжат да се процесуираат.