Сe што работиме како политичари го правиме за економијата, бизнисот, трговијата, извозот и нови работни места, што на крајот претставува квалитет на живот на нашите граѓани, рече премиерот Зоран Заев пред црногорски и стопанственици од нашата земја на Бизнис-форумот во Подгорица организиран од стопанските комори на двете земји.
– Нашите очекувања се дека на почетокот на декември во Лондон на НАТО Самитот ќе имаме полноправно членство. Членството во НАТО, знаете вие во Црна Гора, а ние веќе во Северна Македонија чувствуваме носи економија и траен мир, стабилност и сигурност и безбедност, нешто што е важно за сите бизнисмени како минимум услов за развој на бизнисот. Во такви околности, како земја кандидат, со испорачана покана и 13 ратификации ние во нашата земја почнавме да ги кршиме сите економски рекорди од независноста досега. – рече Заев.