Премиерот Зоран Заев на лидерската средба ги информирал присутните лидери на политички партии и претседателот Иванов дека веќе прифатил промена на името во преговорите со Грција – дознава Лидер од присутни на средбата.
Како што брифира нашиот извор Заев ги информирал присутните, дека новото име ќе биде за севкупна употреба. Што ќе значи и промена на уставното име, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го одбиле ваквиот предлог и го прашале премиерот Заев, зошто воопшто се консултира со останатите политички чинители кога веќе договорил се. Во исто време од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го истакнале нивниот став, дека не прифаќаат промена на Уставот со цел промена на нашето уставно име.
Премиерот Зоран Заев по лидерската средба потврди дека новиот предлог за името е Република Илинденска Македонија, или преведено на англиски како Republic of Ilinden Macedonia.
Тој рече дека името би било за севкупна употреба а јазикот ќе биде македонски.