Македонија 10. септември 2019. / 09:07

Заев и Мицкоски вечер на лидерска средба за судбината на СЈО

Заев и Мицкоски вечер на лидерска средба за судбината на СЈО

Решение за Законот за јавно обвинителство, со кој се регулира и судбината на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе се обидат да најдат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на најавената лидерска средба, откако минатата недела последната средба на работните групи на власта и опозицијата не вроди со плод.

Лидерската средба ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 20 часот. Средбата ќе се одржи во формат еден плус четири.

Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за јавно обвинителство, но Мицкоски претходно најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори.