Алијансата за Албанците ќе ги гласа измените на Уставот. Ова доаѓа по средбата на премиерорт Зоран Заев со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села попладнево. Заев изјави дека прифатил некои од барањата на Села, односно од преамбулата на Уставот ќе се избрише делот „дел од граѓаните кои што живеат во границите“ Албанци, Турци…
Заев објасни дека според таа формулација, излегува дека тие привремено живеат во Македонија и оти со бришењето на зборовите „кои што живеат“ ќе се избегне чувството кај Албанците и другите заедници дека привремено живеат во земјава.
Премиерот рече дека од преамбулата е тргнат и зборот „граѓаните“ кој два пати се споменува.
– Прифатено е предлогот да се тргне делот „ кој што живее во границите“ за да не остави впечаток дека граѓаните Албанци и други се како времено да се тука. Го тргнавме и другото „граѓани“ има дуплирање на „граѓаните“ во Преамбулата. Граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, турскиот народ… ќе биде конечната формулација во Преамбулата – рече Заев.
Села, во изјавата по средбата, рече дека е задоволен и дека на овој начин нема да има има граѓани од втор ред, туку сите ќе бидат само граѓани.