Македонија 24. мај 2019. / 14:12

Заев: Арогантните и недостапни функционери ќе бидат сменети

Заев: Арогантните и недостапни функционери ќе бидат сменети

Премиерот Зоран Заев во интервју за МКД.мк  истакна дека резултатите од изборите се главната причина поради која што ги разрешил претседателите на општинските организации на СДСМ.

– Резултатот од изборите е главната причина. Претседателите на општинските организации се оние што се прво одговорни од аспект на СДСМ на микрониво, на ниво на општинска организација. – кажа Заев.

Иако победиле, Заев посочи дека не се задоволни. Арогантните и недостапни функционери ќе бидат разрешени, вели тој.

– Но ние не можеме да бидеме задоволни од резултатот, од самата излезност, мотивираност. Реков дека тука има и други аргументи, како што се ароганцијата, недостапноста, демонстрацијата на големини, а не рамноправност и еднаквост со граѓаните и обврска за служење на граѓаните. Ние сите постоиме заради нашите граѓани. Политичките партии постојат заради државата и заради народот, нема други причини. Затоа рековме, покрај тоа што ќе се случат промени во извршната власт, ќе се случат промени и во партиските организации и на локално и на централно ниво. – истакна премиерот.