Зоран Заев знае дека ќе изгуби на 12 април и затоа бега од предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерите кои имаат намера да бидат премиер да имаат статус на кандидат мандатар, при што тој што ќе изгуби ќе си замине од политиката и нема да се крие зад пратеничкиот имунитет, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму посочуваат дека доколку Заев беше уверен дека има макар и најмала шанса, тој ќе прифатеше.
Зоран Заев бега затоа што мисли дека од опозиција, пратеничкиот имунитет ќе му биде спас од кривичен прогон за криминалот, рекетот и корупцијата што ги прави. Зоран Заев не прифаќа затоа што ќе треба да си замине од политиката и нема да може да ги тера своите рекет шеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Зоран Заев бега од предлогот на претседателот Мицкоски затоа што нема доблест.
–Доаѓа време на одговорни политичари, од народот и за народот. Политиката не како алатка за богатење, туку политиката за помош и развој на државата. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ – стои во партиското соопштение.