Македонија 30. декември 2019. / 10:34

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се надева дека за случајот „Рекет“ ќе се заборави неговата улога

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се надева дека за случајот „Рекет“ ќе се заборави неговата улога

Заев молчи за случајот Рекет и очекува целиот политичко-обвинителско-медиумски криминал да се покрие со пресуди од по десетина години затвор за неколкумината обвинети. Заев се надева дека така јавноста ќе заборави за неговата улога во рекетирањето и поддршката што постојано тој и неговите највисоки функционери им ја даваа на Боки, Катица, Ременски и останатите обвинети, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека Заев може да се надева, но јавноста мора да знае што барале Шекеринска, Филипче, Кирацовски, Ременски и пола влада во домот на Боки 13, местото од каде што се договарал и реализирал милионскиот рекет.

Каде заврши торбата Луј Витон со еден и пол милион евра? Каде завршија други изрекетирани пари кои се проценуваат над 20 милиони евра? Каде е официјалниот записник или белешка од наводното пријавување на рекетот за кое говори Заев, или можеби тој е изворот од Влада кој што го известил Боки 13 дека е откриена мрежата за рекетирање? Зошто Заев до излегувањето на материјалите за Рекет во странски медиум упорно ја бранеше Катица Јанева, па дури и бараше нејзин реизбор? Што содржат писмата на Катица Јанева до ОЈО, а за кои известуваа медиумите во кои се споменувале компромитирачки материјали за актуелните функционери од власта? Има ли и што содржи УСБ-стикот кое во судството е заведено под број НСКРО74/17, а за кое јавноста вели дека во него има сериозни индиции за криминал? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така, прашаа зошто министерот за надворешни работи Никола Димитров не го пријавил рекетот, иако бил известен од амбасадорот на Латвија дека бизнисмен од Македонија и латвиски конзул бил рекетиран? Како тоа пола Влада и СДСМ соработувала со Боки 13 и никој не пријавил нешто сомнително или можеби тие биле директно вмешани во изнудувањето, броењето и поделбата на милионските суми изрекетирани пари?

Вистината ќе излезе на виделина. Колку и да сакаат од обвинителството да го забошотат случајот и да го ограничат на двајца-тројца обвинети, сепак криминалот е многу поголем и подлабок. Главата на криминално-рекетарскиот октопод, ако не се открие сега ќе се открие многу скоро, а одговоност ќе има после 12 април кога обновата и правдата ќе дојдат во Македонија – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.