Зоран Заев ги распродава националните интереси како на тезга. Премиерот во заминување се што е македонско го дава за без пари како да е во негова сопственост, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.
Оттаму додаваат дека граѓаните на Македонија нема да дозволат Зоран Заев да ја менува историјата и дека тој залужува да стане историја.
-Време е за негова оставка, дојде времето кога треба да се стави крај на неговата анационална политика и тргување со светите нешта на Македонија. На обичниот човек во Македонија му е преку глава од лошиот живот и политиката на порази. Македонските граѓани нема да молчат за асимилацијата која што се случува, се вели во соопштението.
На крајот додаваат дека сите филмови на Зоран Заев се јасни и веќе видени, и последниот оптимист дури и платен заљубеник во ликот и делото на Зоран Заев го губи оптимизмот зошто со Заев Македонија само губи.
Зоран Заев лично час поскоро да се извини на македонскиот народ за навредите и веднаш да си поднесе оставка.