ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ во врска со здравството и кажаа дека таму владее хаос и секојдневно сме сведоци на скандали и матни тендери.
Според нив Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии.
– СДСМ парите за подобрување на здравството ги пренасочува до фирми блиски до функционерите од врхушката на власт.
Владата на СДСМ направи здравството да стане привилегија само на богатите, а останатите граѓани да не можат да си ги дозволат ниту основните здравствени услуги. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие соопштуваат дека СДСМ со здравството стигна на ниво на клиничка смрт.
– СДСМ уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните туку единствено што мисли е како побрзо некој од функционерите повеќе ќе се збогати.
Со СДСМ здравството стигна на ниво на клиничка смрт.
Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. Време е СДСМ и Филипче да си заминат. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.