Господине Заев, дајте си оставка, отворете простор за формирање на техничка влада и распишете предвремени избори, се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.
Oд ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека на тие избори ќе се добие најточна потврда што мислат граѓаните за Заев и за СДСМ. Зошто вака да оставате да ви се смеат и да не веруваат колку ниско може да паднете со купување на лажирани резултати? Зошто вака сите да зборуваат дека тонете и се плашите од соочување со реалноста ? Лесно е да се трошат пари добиени од рекет на нарачани анкети, но подобро и за вас и за Македонија е да добиете вистинска слика за тоа што мислат граѓаните за катастрофата што им се случува овие три години.
Верувајте дека ќе се изненадите колку граѓаните го поддржуваат капиталниот проект „брусење на шахти“, замижувањето пред дивоградбите во Охрид и Матка, насилствата на Курто Дудуш, местењето на тендери на Рашковски, вашето нудење пари на вселенскиот патријарх, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Верувајте дека ќе се изненадите колку граѓаните ве почитуваат како балкански крал на марихуаната кој владата ја користи за да прима лажни принцови или светски кралови на марихуаната, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека очајни се обидите на СДСМ со штапски анкети да покаже дека има некаква поддршка кај граѓаните. Анкетите кои СДСМ си ги прави се до толку наштелувани што и самиот Заев не им верува и затоа бега од избори.
Доколку СДСМ е сигурна во бројките кои сами си ги штелувале до сега парламентарните избори ќе беа веќе распишани.
СДСМ знае дека нема доверба кај граѓаните и затоа ги одолголвелкува изборите. Рекетот, корупцијата, насилието врз граѓаните, институциите и законите, работи кои СДСМ ги донесе во општеството немаат поддршка кај граѓаните. Но доколку СДСМ мисли поинаку, нека распишат избори час поскоро, па во пракса да го видат вистинското мислење на граѓаните, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.