СДСМ насилно и спротивно на волјата на 1 милион и 200 илјади граѓани го турка договорот за промена на името во Собранието. ДИК и граѓаните кажаа дека договорот од Преспа е правно – политички мртов, само Заев не сфаќа. Токму затоа огромно мнозинство граѓани се против оваа недемократска власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев и криминалниот картел на власт со уцени, закани и притисоци обезбеди парламентарна поддршка за своето незаконие. Притисокот врз пратениците е одраз на недемократски принципи, кои се основен метод на делување на оваа власт. Додека СДСМ ги распродава националните интереси и ја силува волјата на народот паралелно ја покажува својата неспособност за управувања со државата, кратејќи од стратешки сектори и урнисувајќи се. Власта крати 6 милиони евра од Буџетот наменети за намалување на сиромаштијата и над 29 милиони за образование. Власта е неспособна да реализира мерки и проекти и затоа крати“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.