Криминалниот СДСМ е прочитан од граѓаните и му се ближи крајот па затоа Заев се обидува спасот да го најде во дефокусирање со креирање на лажни вести. СДСМ и Заев треба да одговорат на граѓаните за бројните скандали, а не да лажат и измислуваат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Каде заврши торбата полна со пари од случајот „Рекет“? Зошто се уништи добар инсулин? Зошто функционерите на СДСМ не одговараат пред лицето на правдата? Каде одат парите со кои СДСМ ја задолжува Република Македонија? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Низа други прашања заслужуваат одговор, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека за лагите, измамите и потценувачкиот однос кон јавноста, СДСМ ќе го добие одговорот од граѓаните на 12-ти април.
-Граѓаните ќе стават крај на владеењето на криминалната влада на СДСМ и ќе започне обнова на Македонија – нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.