Македонија 31. октомври 2020. / 21:25

ВМРО ДПМНЕ: Постојат нови 1085 причини Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина

ВМРО ДПМНЕ: Постојат нови 1085 причини Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина

Бројката на заразени денес е 1085 лица. Постојат нови 1085 причини Венко Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина, реагира опозицијата по новиот рекорд на заразени со ковид-19, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Непостапувањето и непреземањето на мерки е подеднакво лошо како и лошите мерки. Венко Филипче е одговорен и за едното и за другото. Оставката на Филипче веќе не е политички став туку нужност за да се спасат животи, велат од партијата.